Витаминка на FOOD EXPO во Атина

Витаминка еден од редовните изложувачи на FOOD EXPO во Атина

Витаминка, најголемиот производител од прехранбената индустрија во земјава ја изложи својата производна програма на Food Expo 2023, што викендов се одржа во Атина, Грција. На една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и странство. Беше претставена благата програма, намази, сосови, масло за јадење, супи и зачини и додатоци за јадење.

„Food Expo во Атина е наменет за производители на храна, супермаркети, хипер маркети, кетеринг сервиси, увозници на храна и вино, трговци на големо и дистрибутери. Од разновидноста на понудата и учесниците произлегува и неговата големина и значење за една компанија што вложува во својата експанзија, да биде дел од ова големо случување. Искуството од досегашното присуството на Витаминка на овој саем ни покажа дека, покрај комерцијалниот успех што со толкаво големо присуство на саемот е загарантиран, уште и со воспоставените релации влијае позитивно и на развојната стратегија и плановите за раст на компанијата и тоа во секој аспект, дали со пазарно или со производно проширување“, истакна директорот за извор, Љупчо Велески.

Изложувачите на Food Expo беа производители на маслиново масло, млечни производи, деликатесни производи и вино, од месната индустрија, органски производи, конзервирана и замрзната храна. На простор од 50 000 метри квадратни, беа присутни 1 300 изложувачи, водечки компании за производство и преработка на храна и пијалаци, а во текот на викендот саемот го посетија над 35 000 посетители.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …