Мицкоски

Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата објавена од Брима, да се извини за ваквото дезинформирање и на граѓаните и на Владата

На синоќешното гостување на телевизијата Канал 5, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе целосно неточна информација дека анкетата на Брима, објавена од страна на медиумите, била платена од владини пари на јавен тендер.

Не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата.

Бараме од Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за ваквата груба лага.

Прочитајте повеќе

Полиција пред средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје за време на антитерористичките проверки по анонимната дојава за бомба, 26.10.2022 | Фото: Мета.мк

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси …