Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 13 до 19 септември 2021 година, како и вкупен број на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 13 до 19 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 88 нови случаи на Ковид-19;
- Од последици на коронавирусот починале 3 лица;
- Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 275; на болничко лекување се наоѓаат 13 лица, од кои 11 се на кислородна поддршка; во домашни услови се лекуваат 262 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.909;
- Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 446 лица.