Влада: Повисоки плати за 22 отсто за 3.000 професори и вработени во УКИМ

Влада: Повисоки плати за 22 отсто за 3.000 професори и вработени во УКИМ

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Согласно донесените владини заклучоци, вработените во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари. Со ова, започнува исполнувањето на обврската на државата, којашто произлегува од Kолективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа, потпишан на 29.12.2022 година, а со примена од 01.01.2024 година.

Според информацијата од Министерството за образование и наука, вкупно 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22%, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата.

Станува збор за обврска согласно Kолективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија, како основач на високообразовната установа, а чијашто цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на Универзитетот.

Примената на Договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно – научниот процес, во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации, кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси.

Министерството за образование и наука, во координација со другите надлежни институции, ќе се заложи унапредувањето на правата на вработените во високото образование и науката да продолжи и во иднина, преку поттикнување на склучување нови колективни договори и со останатите универзитети.

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …