Владата ќе бара решение за подмирување на трошоците за лекување на 18-годишниот Леонид Индов

Владата ќе бара решение за подмирување на трошоците за лекување на 18-годишниот Леонид Индов

Владата на синоќешната седница го разгледа случајот на Леонид Индов, за што детално информираше министерот за здравство.

Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

Во врска со ова прашање, Владата донесе заклучок со којшто го задолжи министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што тој ќе ја информира Владата за конкретното изнајдено решение.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …