Владата денеска ќе ја одржи петтата седница

Владата денеска ќе ја одржи петтата седница

Владата денеска ќе ја одржи петтата редовна седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На оваа седница Владата, меѓу другото, ќе ја разгледа информацијата во врска со постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за финансии денеска ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на Економски Реформи 2020-2022 година.

Заменичката на претседателот во Влада задолжена за координација на економските ресори, Мила Царовска за оваа седница ја предлага точката: Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд.

На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог – закон за заштита на личните податоци.

Министерството за информатичко општество и администрација на седницата ќе ја презентира информацијата за ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.

Редовната 5-та седница на Владата ќе започне во 12:00 часот.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …