Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 150 седниц, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и теми од интерес на граѓаните.
На оваа седница, на предлог на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности МЕР во државна сопственост, ќе биде презентирана Информација за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи, делница Гостивар-Кичево и делница Свети Николе-Велес.
На оваа седница Владата на РСМ ќе биде запознаена и со информацијата за изготвување Закон за донирање на вишокот на храна.
Од информациите за кои денеска Владата на РСМ ќе донесе мислење, се и информацијата за работата на Меѓувладината Македонско – руска комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, како и информацијата за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, за изработка на измена и дополна на Проект за инфраструктура за изградба на железничка пруга Куманово-Бељаковце, општина Куманово со Предлог – одлука.