Владата ги утврди измените на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење

Владата ги утврди измените на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење

На вчерашната седница Владата утврди текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Со измените на Законот, како што е образложено од предлагачот, Министерството за култура, се зголемува заштитата на споменичната целина на Старото градско јадро на Охрид, согласно препораките и Одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Исто така, со измените се создава правна основа за унапредување на заштитата на Старото градско јадро на Охрид.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје“, со Решение на УНЕСКО од 1979/80 година.

Најзначајна новина којашто е предвидена со овој Предлог на закон е дека до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени согласно заштитата утврдена во него, во Старото градско јадро на Охрид не ќе може да се градат нови објекти, доградби и надградби.

Дополнително Предлогот на законот содржи одредби за посебна заштита на Старото градско јадро на Охрид и на неговата контактна зона, со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто се врши или може да настане оштетување, неповратно видоизменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …