Владата го поддржува македонскиот спорт, 10 милиони евра од државата за спортистите, спортските клубови и спортските федерации

Владата го поддржува македонскиот спорт, 10 милиони евра од државата за спортистите, спортските клубови и спортските федерации

Законот за изменување на Законот за спортот има за цел обезбедување на финансиски поттикнувања, субвенции по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување и развој на спортот, организирање на национален систем на натпревари, учество и пласман на државно и меѓународно ниво.

„Законот беше предложен од Министерството за правда и поднесен во Собранието по скратена постапка. Со неговото усвојување, како Влада покажавме и докажавме дека се грижиме за македонскиот спорт. Со предложените законски решенија се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти/ки од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт”, рече на денешната прес-конференција, заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, посочи дека со овој закон целосно се отстрануваат какви било злоупотреби и сомнежи во процедурата, а финансиските средства се ставаат на располагање кај спортски субјекти кои искрено работат и го сакаат спортот.

„10 милиони евра ќе влезат како директна финансиска поддршка од државата за спортистите, спортските клубови и спортистите. Тоа што го ветивме го остваривме. Ги имавме предвид сите забелешки, обиди за злоупотреби и пристапивме кон креирање на нов систем за користење на финансиски средства од државата. Докажавме дека сме искрени поддржувачи на македонскиот спорт и дека секогаш го слушаме нивниот глас, нивните потреби, бидејќи тие се едни од најдобрите амбасадори на државата”, порача Мојсоски.

Во Законот за спортот се наведуваат корисниците на средствата по основ на директна државна помош, односно со него се уредуваат условите и начинот на користење на средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основ на субвенции во дејноста-спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот.

Прочитајте повеќе

Дамева

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

На прес-конференција во Скопје, Весна Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите во …