Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

„Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48.807,16 хектари, a ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје“, потенцираат од МЖССП.

Оттаму информираат дека на денешната владина седница, донесена е и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.

Од кабинетот на министерот Нуредини додаваат дека Владата го разгледала и прифатила апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа. Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја започне постапката и да го достави апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Eзеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа до Секретаријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година. Со оваа одлука на Влада, нашата држава го добива третото Рамсар подрачје.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …