Владата им ги одзеде дозволите за производство на канабис на фирмите замешани во аферата за шверц со дрога

Владата им ги одзеде дозволите за производство на канабис на фирмите замешани во аферата за шверц со дрога

На предлог на Министерството за здравство, Владата ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп, како и Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола.

Притоа, беа донесени Одлуки за престанување на важењето на одлуката за давање согласност на Решенијата за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ, Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштвото за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …