Владата испраќа 100 припадници на Армијата за учество во хуманитарна операција во Словенија

Владата испраќа 100 припадници на Армијата за учество во хуманитарна операција во Словенија

Владата на денешната 177 седница донесе одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

Согласно одлуката, се испраќаат 100 (сто) припадници на Армијата, кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од 30 (триесет) дена за учество во давање помош на Република Словенија.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …