Влада

Владата ќе ја одржи редовната 71 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 71 седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на седницата, меѓу другото, ќе биде разгледан Предлог- законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Француската Република кој се однесува на основањето и на активностите на Француската агенција за развој, на Пропарко и на Експертиза Франција во Република Северна Македонија.

Пред министрите, за разгледување и усвојување ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година, во која се предлага како и досега, со оглед на состојбата со коронавирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните, на пензионерите како најранлива возрасна група, исплаќањето на пензиите за мај да се изврши во групи.

На денешната редовна 71 седница, со почеток во 12:00 часот, меѓу останатите точки, на дневен ред, за разгледување е и Информацијата за програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, предложена од Министерството за образование и наука.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија