Влада

Владата ќе ја одржи редовната 83 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 83 седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата ќе биде разгледан Записникот од четириесет и третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 јуни 2021 година.

На седницата, според дневниот ред, пред министрите ќе се најдат и  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од ресорното Министерство и Информацијата за Проектот „Родова еднаквост во спортот“, изготвена од Агенцијата за млади и спорт.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …