сонце жешко време

Времето денеска сончево и многу топло, од четврток благ пад на температурите

Денеска ќе се задржи сончево и многу топло време, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а максималната температура ќе достигне 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Согласно очекуваните вредности на температурата, утре насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

Прочитајте повеќе

Владата анализира, но засега не планира да ги покачи давачките за цигарите – заштитата од пушењето ќе се воведувала „фазно“

Владата анализира, но засега не планира да ги покачи давачките за цигарите – заштитата од пушењето ќе се воведувала „фазно“

Владата сè уште нема конкретен план дали и кога ќе ги зголеми цените на тутунот, …