Владина делегација Љуботенски бачила

Владина делегација положи цвеќе во спомен на загинатите армиски припадници кај Љуботенски бачила

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, во придружба на советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, во касарната „Илинден“ и во село Љубанци оддаде почит и положи цвеќе на спомен обележјата поставени во чест на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата, загинати кај месноста Љуботенски бачила, кога во 2001 година за време на вооружениот конфликт, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини.

Во име на Владата, советникот Василевски оддаде почит и положи цвеќе и во Ѓорче Петров и с. Волково, во знак на сеќавање на загинатите бранители, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денеска, кога се одбележува 21-годишнината од нивното загинување, венци цвеќе положија и почит оддадоа повеќе високи делегации, меѓу кои припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите и блиски и членови на семејствата.

Прочитајте повеќе

Фондацијата Метаморфозис со конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

Ќе бидат доделени две годишни награди во две категории: Најдобар новинарски труд, односно стручен труд …