Владина делегација ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владина делегација ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 4 мај, денот на загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев, владина делегација предводена од Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, заедно со Зорица Апостолска, министер без ресор задолжен за странски инвестиции и Владимир Лазовски, заменик на министерот за култура, во црквата „Св.Спас“ во Скопје ќе положат цвеќе на саркофагот во кој се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер.

Програмата за одбележување на 116 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев ќе продолжи во 19 часот во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија, со концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград – Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов.

 

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …