Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.100 амандмани со цел стопирање на законите, додека двата пратеника на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа 2.400 амандмани.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите за платите во судството и обвинителството ги поднесе поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски уште во декември лани.
Законите се најдоа на дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а откако беше утврдено дека за секој од четирите закони има поднесено по стотици амандмани, седницата беше прекината.
Пратеникот Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието рече дека инфлацијата во државата е на алармантно ниво и дека судството е последната категорија на која треба да ѝ се покачи платата.
„За да биде појасно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципиелни причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи“, истакна Ефтимов.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.100 амандмани со цел стопирање на законите, додека двата пратеника на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа 2.400 амандмани.