ВМРО-ДПМНЕ ОСТАНА БЕЗ УШТЕ ЕДЕН СОВЕТНИК ВО ГРАД СКОПЈЕ, ИРЕНА ПОПОВА СТАНА НЕЗАВИСНА

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова од денеска не е дел од советничката група на оваа партијата во Советот на Град Скопје. Попова, која беше советничката од ВМРО-ДПМНЕ и во минатиот состав на Советот, кажа дека од денеска ќе дејствува како независна. Ваквата нејзина изјава од говорницата на Советот беше поздравена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска.

„Од денеска не сум дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Вие ја блокирате работата на Градот, јас нема да бидам дел од тоа“, рече Попова.

Советничката Попова е втор совентик кој ја напушти коализијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Пред неколку седници, откако Арсовска се искара со ВМРО-ДПМНЕ коалицијата ја напушти Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ беше на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Сакам да кажам

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …