Во Бугарија се гласа на четвртите парламентарни избори во помалку од две години

Во Бугарија се гласа на четвртите парламентарни избори во помалку од две години

Во Бугарија денеска почна гласањето за четвртите парламентарни избори за помалку од две години, а главна тема пред доаѓањето на зимата е скокот на цените како последица на војната во Украина.

Избирачките места беа отворени во 7:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 20:00 часот, кога се очекува да бидат објавени првите излезни резултати.

Право на глас имаат 6 602 990 бугарски граѓани запишани во избирачкиот список. Отворени се 11 636 избирачки места, а во 9 369 од нив ќе се гласа машински, во 1 105 избирачки места ќе се гласа со два апарати, додека во 2 785 места, претежно помали градови и села бугарските граѓани ќе гласаат со хартиени ливчиња.

Регистриран е и зголемен број отворени избирачки места во странство, што на бугарските државјани надвор од земјата им дава можност да гласаат во максимален број.

На предвремените парламентарни избори во Бугарија учествуваат 28 политики формации, од кои 22 се политички партии, а шест се коалиции. Според родовата застапеност, вкупно 1 954 жени и 4 670 мажи ќе се борат за место во бугарскиот парламент кој брои 240 места

Предвремените избори беа распишани откако во јуни ѝ беше изгласана недоверба на коалицијата предводена од прозападниот премиер Кирил Петков.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека до седум партии би можеле да го надминат изборниот праг од четири отсто.

Иако партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов ја загуби поддршката на претходните избори, според предизборните анкети се очекува да добие најмногу гласови, по што следи партијата Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.

Според аналитичарите, гласачите не се подготвени да прифатат промени во време на криза и повеќе се склони да гласаат за партијата што им е позната.

Оценките се дека поради длабоките поделби меѓу најголемите партии, речиси е невозможно да се формира одржлива коалициска влада, што би ја продолжило политичката криза и дополнително би ја влошило економската состојба во најсиромашната членка на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …