ВО ИМЕ НА ДОБРОТО ДА СОЗДАВАМЕ ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО

ВО ИМЕ НА ДОБРОТО ДА СОЗДАВАМЕ ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО

Разговор со актерот Сашо С. Ристовски

  • Изминатиов период често ве гледаме на ТВ екраните со народните приказни. Со оглед на тоашто станува збор за нивно реемитување, постои ли можност да видиме нови ?

– Искрено се радувам што сеуште се гледаат приказните во кои играм, бидејќи испраќаат порака кој е нужна за сите нас. Порака од секаков аспект. Порака оставена од нашите предци. Јас сум човек кој искрено додека дишам ќе се залагам за тоа. Горд сум што тоа е мојот печат. Не смеат да се заборават нашите вредности, историја, традиција. Ако сакаме добра иднина, треба да го чуваме своето, а кога го чуваш и  своето, ќе можеш и да бидеш почитуван.

  • Забележително е дека често сте на релација град-село. Во јавноста сте присутен со фотографии кои потекнуваат од село Теово. Дали тоа значи дека полека го напуштате градот?

–  Јас никогаш не сум го напуштил ниту градот, ниту селото. Знаете, тие се дел од мене, но морам да признам дека изминатиот период подолго време сум во село. Ги имам сите услови за живот. Мирот, тишината и пред се’, здравата животна средина. Многу често размислувам целосно да се преселам, но обврските си го наметнуваат своето. Гледам секој миг да сум тука во село, бидејки покрај другото, тука живеат моите родители.

ВО ИМЕ НА ДОБРОТО ДА СОЗДАВАМЕ ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО ВО ИМЕ НА ДОБРОТО ДА СОЗДАВАМЕ ОПШТЕСТВЕНО ДОБРО

  • Што е тоа што најмногу ви недостига во овој корона период?

–  Внимавам максимално на своето здравје, ги почитувам мерките, се вакцинирав, но сепак избегнувам да бидам присутен во гужви, големи настани… Ми недостасува сцената, но сепак таа креативна енергија ја насочив во пишување на народни преданија и приказни. Уметниците секогаш мора да изнајдат начин правилно да ја насочуваат својата креативност.

  • Како гледате на одржувањето на културни настани, театарски претстави, концерти… на отворен и затворен простор?

– Видете, најпрво треба да се почитуваат протоколите. Да се почитува се што кажале стручните лица. Треба да го почитуваме нивниот став, бидејќи поинаку неможе. Да, сакам и јас да има многу настани, но мора да внимаваме. Мора, си има протоколи кои мора да се почитуваат. Јас имам многу пријатели медицински лица, знам колку им е тешко и секогаш го слушав нивниот глас. Секако дека сум за тоа да има што повеќе настани, но со исклучително почитување на протоколи и со акцент на наши продукции.

  • Кога спомнавте наши продукции, што мислите за честите гостувања на имиња од соседството?

– Јас лично немам против, но мислам дека сега не е време. Во ова време на криза треба да ставиме акцент на нашите продукции, изведувачи, уметници… Мораме да работиме на тоа, да дадеме повеќе шанса и простор на продукциите, уметниците и изведувачите од нашата држава. Многу повеќе влог во сите сегменти од културата. И јас гостувам во соседството, размени треба да има, секогаш сум за тоа, но се надевам дека полека ќе се средат работите. Неможе наеднаш се’.

  • За крај на разговорот, работите ли на некој нов проект, спремате ли нешто ново?

– Сеуште не може да се каже дека работам на конкретен проект од областа на театарската уметност. Но, благодарение и на покана на мој драг пријател, започнав и се заложив за една мошне одговорна работа која претставува општествен интерес. Беше случајно, понудата дојде неочекувано но не можев да ја одбијам. Пред се’ поради пријателскиот однос, но во период кога малку се паузира од театарот, чест е и вистинска благодет да се добие една таква понуда. Сепак, многу е важно во име на пријателството, во име на доброто да создадеме и општествено добро. Пријателите треба да се тука за се’ и во секое време.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …