Во ковид центрите се лекуваат 490 болни од ковид-19, има 750 слободни болнички кревети

Во ковид центрите се лекуваат 490 болни од ковид-19, има 750 слободни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците од последните 24 часа.

„Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти“, информираат од ова министерство.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, во Штип 33, на инфективното одделение во Тетово има 6, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 лице. Во Охрид има 30, во Прилеп 22, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 15 пациенти, во Кочани исто така 15, во Кичево 9, во Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени на лекување, 6 нови пациенти, а вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија. На Интерните клиники немало приеми. Во ГОБ „8 Септември“ имало 2 нови пациента, а 4 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојб. Дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники моментно се лекуваат 47 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово и до 8 часот имало 180 слободни места, соопштија од Министерството за здравство.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …