ракетен напад

Во најновите руски ракетни и артилериски напади врз Украина, 26 загинати, меѓу кои и три деца

Русија утрово изврши серија ракетни и артилериски напади врз Украина, вторпат во последните три дена. Едно лице загина во регионот Херсон, а 25, меѓу кои и три деца, се повредени во Днепропетровск. Вооружените сили на Украина соопштија дека 15 од 18 истрелани проектили биле пресретнати од воздушната одбрана на земјата.

Една од главните цели, како што јавува BBC, беше градот Павлохрад во близина на Днипро. Oфицијални претставници на Русија соопштија дека проектилите биле насочени кон железничката инфраструктура и складишта за гориво. Оштетени се и 19 висококатници, 25 приватни куќи, шест училишта и градинки и пет дуќани.

Шефот на градската воена администрација на Кијив, Серхи Попко, рече дека проектили биле соборени и во воздушниот простор на главниот град.

Во регионот Херсон, кој сè уште е делумно контролиран од Русија, украинските регионални власти соопштија дека Русите извршиле 39 гранатирања, од копнено оружје, како и од дронови и авиони.

Последната рунда ракетни напади пред зори доаѓа само неколку дена откако 23 лица беа убиени во напади на градот Уман во централна Украина. Во петокот Русија соопшти дека нејзината војска цели на резервни единици на украинската армија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …