Во општина Прилеп гласањето почна навреме и без никакви проблеми во сите 130 избирачки места

Во општина Прилеп гласањето почна навреме и без никакви проблеми во сите 130 избирачки места

Сите 130 избирачки места во општина Прилеп, утрово беа отворени на време, точно во 07.00 часот.

Од причина што имаат помалку од 10 гласачи, 12 избирачки места се присоединети кон други, додека 13 избирачки места се дислоцирани заради неисполнување на потребните услови за заштита од коронавирус.

Во понеделникот за гласање беа пријавени 29 лица позитивни на Ковид-19, односно лица кои се наоѓаат во изолација и самоизолација.

Во Прилеп гласаа и 489 болни и немоќни, меѓу кои и 25 штитеници на Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Во Казнено поправната установа Затвор Прилеп вчера гласаа 66 затвореници.

Во општина Прилеп вкупно се регистрирани 64.004 лица со право на глас.

Избрирачките места ќе бидат отворени до 21.00 часот, до кога трае и изборниот молк.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …