Во Прилеп отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Во Прилеп отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3.Декември, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски, денеска присуствуваа на отворањето на Дневниот центар за лица со интелектулна попреченост „Порака“, кој е сместен во просториите на старата општина и е наменет за лица над 18 годишна возраст.

„Денеска сме во Дневниот центар за лица со интелектуална попречаност ‘Порака’. Им честитам за новите простории кои се реновирани, реконструирани, исполнети со нова опрема, каде лицата со интелектуална попречаност ќе имаат можност да се рекреираат, да се дружат и да се образуваат. Навистина сум среќен од изјавата на еден родител, кој вели дека неговото дете има постигнао голем напредок откако го посетува Дневниот центар. Ваквата инклузивност, им е повеќе од потребна на лицата со интелектуална попреченост, со цел надминување на предрасудите и бариерите кои стојат на патот. Овие деца ја имаат можноста да ги добијат сите бенефити од бизнис заедницата, министерствата, невладините организации од општината.

Ние како општина се залагаме за подобрување на условите за живеење на лицата соинтелектуална попреченост, а во тој правец минатата година го отворивме Дневниот центар за лица со церебрална парализа, а сега го отвараме Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ‘Порака’, а се’ со цел овие лица да се вклучат рамноправни чинители во општеството“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

“Огромно е задоволството што денеска присуствувам на отворањето на новиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост за лица на возраст над 18 години, што е резултат на заедничката иницијатива на Општина Прилеп, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ‘Порака’ – Скопје. Морам да ви потврдам дека е многу голем успех за една општина за две години да отвори два Дневни центри и навистина како општина треба да бидете горди на вашиот пристап за остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост. Тоа покажува дека сте отворени за соработка со граѓанскиот сектор, а самото тоа што сме партнери во отворањето на овој Дневен центар и фактот што денеска почитуваниот градоначалник Илија Јованоски е со нас, не само денеска на 3.Декември, покажува дека Општина Прилеп секогаш е пријателски расположена и се става во поддршка на нашата организација. Со овој дневен центар имаме дупла бенефиција, прво за самите корисници, за нивните родители и општеството“, истакна др. Василка Димовска генерален секретар на
Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” – Скопје.

Во моментот “Порака”- Прилеп брои 12 корисници. Центарот ќе работи од понеделник до петок, од 08.00 до 16.00 часот. За непречено функционирање на Дневниот центар, склучен е договор со Општина Прилеп и РЦПЛИП – ПОРАКА, преку својата локална организација ЦПЛИП „Порака“ – Прилеп. Обезбедувањето на континуитет во работата на овој дневен центар, овозможува социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост и претставува основен предуслов за разбивање и надминување на предрасудите и бариерите со кои тие се соочуваат. Сите ние заедно треба да работиме во насока на целосна и вистинска инклузија на лицата со посебни потреби и поткревање на свеста кај институциите, но и кај граѓаните за потребата од прифаќање и поддршка на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …