Претставници од општини и од НВО секторот на Косово, во посета на Делчево

Претставници од општини и од НВО секторот на Косово, во посета на Делчево

Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и пријателства.

На средба на која присуствуваа 40-тина претставници од Косово, приоритетна тема беа фондовите од ЕУ за земјите од Западен Балкан.  

Тони Стоименовски, советник во ЛЕР од Општина Делчево истакна дека ова е прва посета на претставници од Косово на Општина Делчево.

 Имавме можност за прв пат да бидеме домаќини на повеќечлена делегација од Косово, која се интересираше за нашите искуства во делот на  начинот на функционирање и имплементрање на европските проекти. Како еден од клучните услови за добивање европски средства и за нас и за општините од Косово е заедничкото партнерство. Се надевам дека од оваа нивна посета ќе произлезе некоја соработка, истакна Стоименовски.

Фатос Раифи од организацијата „Преда Плус“ од Косово истакна дека искуствата на Делчево ќе бидат добредојдени за понатамошно партнерство во повеќе области.е

 -Ние сме организација која се финансира со помош на Германската Влада и овде сме да најдеме партнери во повеќе области. Нашата делегација од Косово, брои 40 луѓе и претставници на 11 општини од Косово, здруженија, фармерски и земјоделски здруженија кои добиле грантови од нашата организација. Се заблагодаруваме на Општина Делчево за деталното образложување на овдешните можности. Ќе ги имаме  предвид овдешните искуства и потешкотии со кои се соочуваат здруженијата при аплицирањето на  Европски проекти, истакна Раифи.

 Делчево е една од општините каде косовската делегација ќе има вакви средби. Од косовската делегација очекуваат соработка и од други општини кои ќе ги посетат до крајот на годината.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …