Во прилепско запленети 25 метри кубни бесправно исечени огревни дрва

Во прилепско запленети 25 метри кубни бесправно исечени огревни дрва

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп, во содејство со Шумска полиција Прилеп, спровеле акциска контрола. Притоа, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49), двајцата од с.Гостиражни, биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва, без соодветна документација.

Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва и истите ќе бидат предадени на шумска полициска Прилеп.

Истовремено, во реонот над Вештачко езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. и од него биле одземени запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и една моторна пила. Истовремено, во тој дел биле пронајдени и други 5 метри кубни бесправно исечени огревни дрва.

Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …