„Да не ја преспиеме промената на ДУП-от“ – урбана акција во Влае во знак на поддршка за граѓаните

„Да не ја преспиеме промената на ДУП-от“ – урбана акција во Влае во знак на поддршка за граѓаните

По предлогот за новиот Детален урабнистички план за скопската населба Влае, односно Влае 2 според кој ќе се постигне намалување на јавниот простор и јавното зеленило во населбата во Општина Карпош, се организираше урбаната акција – „Да не ја преспиеме промената на ДУП-от“.

Се работи за инцијатива во знак на поддршка кон граѓаните и граѓанските активисти од Влае кои во последниве неколку недели активно се борат да го спречат донесувањето на новиот ДУП, а кој неколкукратно ќе го зголеми бројот на жители и ќе уништи добар дел од јавниот простор и јавното зеленило во Влае (просторот помеѓу Порта Влае, бул. Партизански одреди, реката Вардар и Хром).

Според новиот ДУП се предвидуваат згради од 10 ката на просторот на некогашно кино Влае, а улицата да се пробива зад тој простор, односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Парцелата за маркици за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. На местото на паркот и инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина е вцртана маркица за црква. Маркица за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром.

„Да не ја преспиеме промената на ДУП-от“ – урбана акција во Влае во знак на поддршка за граѓаните
Фото: Организација на урбаната акција

„Овој простор кој е државно земјиште, граѓаните бараат да се направи парк, а не по багателна цена да се распродава државна земја, за бизнис интереси со приватни инвеститори. Во делот на сегашното игралиште покрај реката Вардар, се предвидува по потреба да стане затворено игралиште или спортска сала“, соопштуваат од иницијативата.

Всушност, новиот урабнистички план за Влае односно за делот Влае 2, веќе еднаш беше донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, а потоа во 2018 година беше укинат од страна на Уставниот суд, но сега повторно се подготвува да биде оперативен и ставен на гласање пред советниците во Општина Карпош.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …