Во Собранието подготовки за избор на техничката влада од 22 јануари

Во Собранието подготовки за избор на техничката влада од 22 јануари

Формалните подготовки за техничката Влада во Собранието ќе се одвиваат во периодот од 22 до 28 јануари, соопшти Кабинетот на претседателот на собранието, по првата средба со координаторите на пратеничките групи.

„Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрнаие, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5“, посочуваат од Собранието.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека седница за пратенички прашања нема да има до крајот на овој мандат на Собранието.

„Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по сто дена мандат на влада избрана на парламентарните избори“, се наведува во информацијата од координативната средба.

На денешната координативна средба не присуствувале претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција, која најави бојкот на Собранието поради тоа што не е прифатен нивен кандидат за член на Државната изборна комисија.

Засега исто така нема информација кога ќе бидат поднесени измените на Изборниот законик во Собранието.

Првата нова пленарна седница во 2024 година е закажана за 16 јануари. На дневен ред се повеќе точки.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …