Во земјава од ноќеска стапува на сила новиот возен ред на возовите

Во земјава од ноќеска стапува на сила новиот возен ред на возовите

Во европските земји, како и во Македонија, од полноќ стапува на сила новиот возен ред на патничките возови. Поаѓањата и пристигнувањата на возовите може да се погледнат на веб-страницата на Јавното претпријатијатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Од скопската железничка станица од утре ќе сообраќаат по 15 пара возови дневно, а новиот возниот ред е со важност до 10 декември 2022 година.

Во домашниот железнички сообраќај, меѓу Скопје и Битола ќе сообраќаат по три пара возови дневно, со поаѓања од Скопје во 6:53, 14:30 и 20:05 часот и поаѓања од Битола во 3:15, 12:50 и 18:26 часот.

На релацијата Скопје-Гевгелија-Скопје, од главниот град ќе има поаѓања во 6:23 и 16:55 часот, додека од Гевгелија за Скопје возовите ќе тргнуваат во 4:40 и 16:55 часот.

Кон Кичево и Кочани од Скопје, и во 2022 година ќе сообраќа по еден пар возови дневно, кои од главниот град кон Кичево ќе поаѓаат во 16:45 часот, додека од Скопје за Кочани поаѓањата се во 15:23 часот. Во спротивен правец, возовите од Кичево тргнуваат во 5:30 часот, додека од Кочани во 5:26 часот. Идентично како и кон Приштина, од мај годинава патнички возови за Кичево и Кочани воопшто не сообраќаат поради недостиг на возен парк.

Меѓу Скопје и Табановце догодина ќе има четири пара возови дневно, додека на релација Скопје-Велес-Скопје ќе сообраќаат девет пара возови дневно.

Единствен воз во меѓународниот патнички превоз е брзиот за Приштина, којшто по возен ред треба да поаѓа од Скопје во 16:10 часот, додека од косовскиот главен град во 7:10 часот. Сепак, возот изминатава година воопшто не сообраќаше, а засега нема најави од железничкото претпријатие кога брзиот воз кон Приштина би профункционирал.

Покрај во земјава, од ноќеска се менуваат саатниците на поаѓањата и пристигнувањата на возовите, како и бројот на возови и нивните дестинации, низ целиот европски континент, при што граѓаните за најнови информации за нивното сообраќање треба да се обратат на веб-страниците на железничките компании во секоја одделна земја.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …