Војната во Украина веројатно нема за заврши оваа година, но би можела да биде решавачка за крајниот исход

Војната во Украина веројатно нема за заврши оваа година, но би можела да биде решавачка за крајниот исход

На 21 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин одржа мрачен, огорчен говор кој го промени мислењето на многумина кои до тогаш веруваа дека Русија нема да започне нова голема инвазија на Украина.

Помалку од 72 часа подоцна, руски проектили паднаа низ целата земја, а руските сили ја преминаа границата, како и постојната линија на фронтот во Донбас. А Путин, според западните разузнавачи, верувал дека Украина ќе биде под палецот на Москва за неколку недели, ако не и неколку дена.

Тоа не се случи, а сега севкупната војна ја достигнува границата од две години.

Дали ќе заврши во третата година?

Веројатно не. Но, разговорите за ќор-сокак може да бидат погрешни, во време кога еден голем фактор што дојде до израз може да го одреди исходот на војната: испораката на оружје од Западот.

„Секогаш е опасно да се прават предвидувања, но тешко е да се замисли војната да заврши до крајот на 2024 година“, изјави за РСЕ Рут Дејермонд, виш предавач на Катедрата за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.

„Како што стојат работите, се чини дека ниту една страна нема способност да нанесе решавачки пораз на другата. За тоа да се промени, веројатно ќе треба да има значителна промена во надворешните фактори, што е најважно, нивото на поддршка што ја дава Западот“, рече Дејермонд.

Дајермонд вели дека значајно поголема материјална поддршка од Западот ќе и помогне на Украина да постигне напредок во ослободувањето на територијата и додава дека намалувањето на помошта од Западот може да ја принуди Украина да се согласи на мировни преговори според руските услови.

Олга Оликер, програмски директор за Европа и Централна Азија во Кризната група е поконкртна во однос на термите.

„Ако Украина остане без оружје и луѓе, да, војната ќе заврши следната година. Отсекогаш се случуваше предавањето од едната или другата страна да стави крај на војната. А, ако ви снема оружје и луѓе, немате многу избор“, рече Оликер во телефонско интервју за Радио Слобдна Европа.

Променливите „плими на војната“

Плимата на војната се менуваше неколку пати по целосната инвазија. Севкупно, 2022 година беше година на Украина: откако го изненадија светот со тоа што не само што преживеа, туку и го спречи напредувањето на Русија кон Киев на север во првите недели од инвазијата, одбранбените сили повторно зазедоа значителни делови од територијата на исток и југ, околу Харкив и Херсон.

Во 2023 година, многу очекуваната контраофанзива што Киев ја започна во јуни, пропадна до крајот на годината, далеку од нејзината најамбициозна цел: да го пробие „копнениот коридор“ што води од руската граница до делот што го поврзува копното на Украина со окупираниот Крим.

Во интервју објавено во The Economist на 1 ноември, врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужниј, ја опиша ситуацијата на бојното поле како „ќорсокак“ – збор што звучеше поразително за некои во Украина, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, но тој збор често се појавуваше во дискусиите за војната во која линиите на фронтот многу малку се поместуваа со месеци.

Оттогаш работите се сменија – помалку на бојното поле, со еден еклатантен исклучок, отколку далеку зад сцената, во Вашингтон, каде што поинаков вид на ќор-сокак претставува растечка закана за одбраната на Украина. Околу две недели пред забелешките на Залужниј, кои можеби беа причина за неговото разрешување овој месец, американскиот претседател Џо Бајден предложи 60 милијарди долари помош за Украина, од кои повеќето за оружје.

Четири месеци подоцна, по голем број пресврти во Конгресот на САД, каде што десничарските републиканци го блокираа неговото усвојување, пакетот помош сè уште не е одобрен – и не е јасно дали некогаш ќе биде одобрен.

На фронтот, огнената моќ на Украина згаснува, бидејќи протокот на западно оружје се забавува, а ситуацијата околу Авдијивка е сè освен ќор-сокак. По многумесечни жестоки борби, руските сили го освоија разурнатиот град Донбас минатата недела.

Зголемена самодоверба?

Како и долгата битка за Бахмут, добивката на Русија имаше огромна цена во изгубени трупи и оружје, но на Путин му даде победа на бојното поле пред изборите на 15-17 март, кои треба да му доделат нов шестгодишен мандат и можеби уште повеќе ја зајакна неговата доверба за војната по неуспешната контраофанзива на Украина.

Тоа, исто така, отвори потенцијален пат за силите на Москва да заземат поголема територија.

„Ако руските сили продолжат да напредуваат покрај Авдијевка и да ги заземат транспортните мрежи, вклучително и западно од Бахмут, тие на крајот се закануваат на постратешка локација, Покровск, на околу 80 километри“, напиша на платформата X, воениот аналитичар Дара Масикот, висок соработник во Фондацијата за меѓународен мир, Карнеги.

„Обуката и начинот на размислување на руските воени лидери ќе им кажат дека сега е време да се притисне напред кон целите: украинските единици имаат дефицит на муниција и работна сила, американската помош е одложена“, а западните цели за производство на муниција не се постигнати, напиша Масикот.

Сличен став има и Марк Канчијан, воен аналитичар во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

„Доколку Соединетите Држави не обезбедат дополнителна помош, тогаш украинските воени капацитети постепено ќе се влошуваат. Очекувам дека ќе се согласат на некаков договор за прекин на огнот што ќе и дозволи на Русија да ја окупира територијата што ја зазеде“, вели Кансијан.

Протокот на американска воена помош го достигна својот врв минатото лето со околу 1,5 милијарди долари месечно, а испораката на американската воена опрема за Украина ќе падне за 80 до 90 отсто до летото 2024 година, доколку Конгресот не го усвои новиот пакет помош, изјави претходно Кансијан за РСЕ.

Сепак, ако намалената американска помош и други фактори доведат до пауза или крај на борбите, тоа можеби нема да биде во наредната година. И без оглед на нивото на помошта од Западот, Киев изгледа решен да избегне каков било договор што би ги зацементирал територијалните придобивки на Русија, дури и привремено.

Друг фактор: и покрај заземањето на Авдијивка, не е јасно колку повеќе руските сили би можеле да одат во 2024 година.

Шефот на военото разузнавање на Украина, генерал-полковник Кирило Буданов, за Волстрит журнал минатата недела изјави дека руските сили оваа година „немаат сила“ за да ја постигнат, како што рече, нивната главна стратешка цел – да ги заземат регионите Доњецк и Луганск, кои го сочинуваат Донбас.

Во меѓувреме, аналитичарите велат дека за Русија, задржувањето на територијата што сега ја контролира и заземањето повеќе територии на исток и југ е само дел од планот – отскочна даска за поамбициозни цели за кои би требало повеќе време да се постигнат.

„Русија сè уште ја одржува стратешката цел да доведе до потчинување на Украина. Таа сега верува дека победува. Условите за предавање што во моментов ги предлагаат руските посредници вклучуваат Украина да ја отстапи територијата што веќе е под руска контрола заедно со Харков, и во некои верзии и Одеса, да се согласи да не се приклучи на НАТО и да има шеф на држава одобрен од Русија“, напишаа Џек Ватлинг и Ник Рејнолдс, воени аналитичари од Британскиот Кралски Институт, во коментар објавен на 13 февруари.

Русија се надева дека тоа ќе се случи преку процес во три фази, напишаа Вотлинг и Рејнолдс: Исцрпување на муницијата и резервите на персоналот на Украина преку одржување на притисок долж фронтот, „кршење на решителноста на меѓународните партнери на Украина да продолжат да обезбедуваат воена помош“ и потоа постигнувајќи дополнителни придобивки на бојното поле „што би се користело како потпора против Киев за да се принуди капитулација под руски услови“.

Најклучниот дел од равенката

Но, постои голема забелешка: охрабрената Русија може да се обиде повеќе, или да се обиде да го постигне побрзо. Во текот на речиси четврт век на власт, Путин често ги прилагодуваше целите на Кремљ врз основа на напредокот и неуспехот.

„Од витално значење е да се цени дека руските цели може да се прошират со успех и имајќи предвид дека Кремљ ги прекрши речиси сите значајни договори и со Украина и со НАТО, нема гаранција дека дури и ако Русија го добие она што го сакаше надвор од преговорите, потоа нема да се труди физички да го окупира остатокот од Украина или да биде охрабрена да употреби сила на друго место“, велат аналитичарите од Британскиот кралски институт во Лондон.

Од друга страна, неуспехот од страна на Русија да постигне значителен напредок кон нејзините цели во 2024 година, би имал пропратен ефект, што ќе го отежне успехот во следните години за Москва. А најважниот дел од оваа равенка е западната воена помош.

„Руската теорија за победа е веродостојна ако меѓународните партнери на Украина не успеат соодветно да ги снабдат украинските вооружени сили. Меѓутоа, ако партнерите на Украина продолжат да обезбедуваат доволно муниција и поддршка за обука за да се овозможи затапување на руските напади во 2024 година, тогаш Русија веројатно нема да постигне значителни придобивки во 2025 година. Ако Русија нема изгледи за придобивки во 2025 година, тогаш ќе се бори да го принуди Киев да капитулира до 2026 година“, напишаа Ватлинг и Рејнолдс.

Други аналитичари се согласуваат дека она што ќе се случи оваа година ќе го одлучи исходот на војната.

„Одлуките донесени сега ќе одредат дали украинската војска има ресурси да ги задржи своите позиции до 2024 година, да ги одбрани руските напади и да ја обнови силата за 2025 година и понатаму“, изјави Масикот за РСЕ.

Дејермонд смета дека „сите знаци укажуваат дека борбите ќе продолжат барем до почетокот на 2025 година. Што ќе се случи потоа, вклучително и колку брзо и под кои околности ќе заврши војната, ќе зависи од тоа што ќе се случи подоцна оваа година“.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе …