Вработените со договор на дело во прилепската болница побараа од заменик министерка Петрова да не ја кочи постапката за решавање на нивниот статус

Вработените со договор на дело во прилепската болница побараа од заменик министерка Петрова да не ја кочи постапката за решавање на нивниот статус

Стотина вработени во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп, кои пред неколку денови излегоа на мирен протест со цел да добијат трансформација на работниот однос со нивно вработување на неопределено време, денеска преку прес-конференција се обратија до дополнителната заменик – министерка за финансии Елена Петрова.

Во име на вработените со договор на дело, изјава даде Благоја Јагуриноски:

„Револтирани сме што сеуште нема согласност за нас, што сеуште не е решен нашиот статус. Ние сме вработени во прилепската болница со договор на дело, некои од нас веќе 7 години. Моментно, од почетокот на годинава немаме ни договор на дело. Во пракса секоја година на почетокот на февруари  стигнува продолжување на договорите и немало пречки во исплатата на  паричниот надомест за нашата работа. Оваа година за жал и тоа го нема! Вчера редовно  вработените во болницата ги зедоа своите плати, но за нас нема. Велат нема согласност.

Од медиумите дознаваме дека согласноста за договори на дело и согласноста за нашето вработување со редовен работен однос се во фиоката кај дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Елена Петрова, односно дека со врзани потписи, без нејзин потпис не може.

Министерке апел до Вас. Денес ослободете го процесот за нашето вработување!

Одважете се и надминете ги меѓупартиските преписки. Ние како група немаме партиска етикета, ние сме народ кој секојдневно лекува народ, транспортира пациенти, им дава терапија. Жално е што со нашето прекинување на работните задачи, за кои моментно немаме ни договор, народот нема да може да биде услужен тука низ одделенијата во болницата. Согласностите се обезбедени со одлука на Влада, запазени се сите рокови, одобрени од Министерството за здравство и пратени во финансии.

Уште еднаш,  ставете го Вашиот потпис на таа согласност денес, затоа што сите рокови минуваат. Не сме 5, 10 или 15, повеќе од 100 вработени сме. Доколку не го сторите тоа, утре штрајкот продолжува во Скопје, пред Министерството за финансии. Во комуникација сме со сите колеги од целата држава  кои се во иста ситуација како нас“, истакна Јагуриноски.

Поддршка на вработените им даде и директорката прилепската болница, Кети Смилеска:

„Како институција ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ги има запазено сите рокови. До надлежните институции  поднесени се сите барања, сите табели и останатите пропратни документи. Донесена  е одлука на Влада и момент на техничка влада.

Апел до министерката Елена Петрова, да се одважи и да го ослободи започнатиот процес  за вработување на овие луѓе.  Луѓе,  кои секојдневно  помагаат на прилепчани и на жителите од соседните општини.

Болницата без овие луѓе не може, застанува, нема кадар. Тие се распределени  насекаде во болницата, на одделенијата како доктори, медицински сестри, возачи…

Министерке, да го надминеме партиското и да се водиме од совеста и човечноста“, рече Смилеска.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …