Денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер со брзина и над 60 км/час, особено изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините. Максималната дневна температура ќе достигне 18 степени Целзиусови.
