Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени Целзиусови.
И во деновите од продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време, со локални врнежи од дожд. Температурата ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени.