Врховен го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Врховен го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за предметот „Плацеви на Водно“, поднесено од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница (20 декември) одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано“, се наведува во соопштението од Врховен суд.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор. Во предметот, Груевски покрај за нелегалното купување на плацеви на Водно, осуден е и за злоупотреба на партиските донации.

Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно земјиште.

Никола Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, побегна во Унгарија каде што доби азил.

Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …