За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

Образовните институции, банките и нотарите се несигурни и не се доволно информирани дали да прифатат електронски издаден Извод од матична книга на родени.

Иако добивањето на извод од Управата за водење на матичните книги (УВМК) по електронски пат е едноставно и на издадениот документ пишува дека ги содржи сите податоци како и изводот што се добива на хартија, има институции кои не се сигурни дали да го прифатат или не го прифаќаат. Патем, електронскиот извод содржи и код или линк преку кој може да се потврди автентичноста и дополнително пишува дека документот е јавна исправа со неограничен рок на важење.

Порталб.мк во серијата истражувачки стори, покажа дека е незаконски да се бара од граѓаните на РСМ да плаќаат за нови изводи не постари од шест месеци, по што  Управата за водење на матичните книги (УВМК) информира дека одлучила да не бара изводи од матичната книга на родените не постари од шест месеци.

Но, и покрај оваа одлука електронскиот извод во одредени случаи не се прифаќа кај банките, како и кај некои нотари а факултетите меѓу кои имаше и државни и приватни кои ги контактираше Мета.мк не беа сигурни дали смеат да ги прифатат.

Сите рекоа дека до сега нема случај некој да приложи електронски извод и нагласија дека прифаќаат изводи постари од шест месеци. Но, за оваа нова опција се збунети и велат дека се толерантни и не враќаат студенти кога им недостасува документ, односно им овозможуваат дополнително да го донесат, но до сега секогаш барале оригинален документ со печат.

Само од еден приватен факултет добивме одговор дека иако до сега немале таков случај ги прифаќаат електронските изводи. Другите, во недоумица во врска со електронскиот извод, рекоа дека очекуваат упатсва и насоки од Државниот просветен инспекторат.

Од таму, исто така нема конкретна насока. „Државниот просветен инспекторат нема донесено одлука со која образовните институции може да прифаќаат електронски издаден извод“, гласи одговорот кој Мета.мк го доби од инспекторатот.

Најпрецизна информација, која го пресече „Гордиевиот јазол“ по прашањето за прифаќање на електронскиот извод во образовните институции, нашата редакција доби од Министерството за образование и наука (МОН).

„Примената на електронските документи е уредена со Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, согласно кој тие имаат иста правна важност како и хартиените и мора да бидат применети, односно прифаќани од сите, вклучително и од образовните установи“, одговрија од МОН.

Од таму додадоа дека од оваа учебна година постапката за упис во прво одделение во основно училиште е значително олеснета и достапна електронски, при што не се бара извод од матична книга на родени за децата кои се запишуваат на училиште.

„Тоа е уредено во Законот за основно образование, а се работи и на дигитализација за упис во средни училишта“, велат од МОН.

Институционалните јазли остануваат исплеткани кај нотарите и банките

Слично како и кај образовните институции и нотарите се во недоумица за електронските изводи. Од повеќе нотарски канцеларии кои по случаен избор ги контактираше редакцијата, четири беа децидни дека електонскиот издаден извод е валиден документ иако ретко се случува граѓаните да приложат ваков документ. Но, имаше и такви кои не беа сигурни и прифаќаат само извод со печат.

Цветковска Благица доживеала неријатност токму со ваков нотар кога сакала да употреби електронснки извод за оставинска постапка.

„Процедурата за да извадам електронски извод беше лесна, поднесов барање и го добив по два дена. Сакав да го искористам во оставинска постапка. За наследство. Му го дадов на адвокатот и тој бесше изненаден и не беше сигурен дали може да се искористи. Нотарката која работеше на случајот не го прифати, па дополнително побарав од надлежната институција која ги издава изводите да ми одговорат дали овој документ е валиден и може да се користи како официјален документ. На мејл добив одговор дека може, но нотарката сепак одби да го прифати. Рече дека не може да го користи затоа што не биле усогласени правилата во законот во нотаријатот за користење на електронски документи со електронски печат“, раскажа Цветковска за Мета.мк.

Кај банките е најкомплицирано. Од македонската Македонската банкарска асоцијација за Мета.мк изјавија дека нема унифицирано правило во врска со прифаќање на лични документи вклучително и извод на родени од клиентите. Појаснија, дека тие правила се индивидуални во банките.

Од правната служба на Халк банка одговорија дека се бараат изводи кои не се постари од три дена од аспект на брачен другар при обезбедување хипотека во случај кога лицето не е мажено или женето. Во други случаи се прифаќа изводите да бидат постари, но не ги прифаќаат електронските изводи. Прифаќаат само изводи издадени на шалтер. Сепак, од оваа банка нагласуваат дека е обврска на нотарот да ги провери документите, односно дека при одобрување на кредит извдот се приложува кај нотарите.

Од Комерцијална банка АД Скопје изјавија дека во тек на редовните процеси на работа изводите од Матична книга на родени најчесто се користат при отворање на сметка или депозит за малолетно лице или во постапката за воспоставување заложно право врз недвижен имот во корист на Банката.

„Согласно информацијата за можноста за издавање на електронски изводи, Банката ќе ја разгледа и утврди процедурата за нивното прифаќање откако ќе ја усогласи со севкупното работење на Банката и, секако, со позитивните законски прописи, со цел клиентите да можат ефикасно и брзо да ги завршат потребните активности при користење производи и услуги од Комерцијална банка“, изјавија од Комерцијална банка додавајќи дека ги прилагодуваат своите производи и услуги според потребите на клиентите.

Мета.мк ја контактираше и Стопанска банка. Од таму како да го очекуваа нашиот повик бидејќи претходно за прашањето за употребата на електронските изводи им се обратиле и од Македонската банкарска асоцијација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …