Заев и Димитров на средба со Рикер и Палмер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

Заев и Димитров на средба со Рикер и Палмер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на своите активности на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк остварија средба со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата, премиерот Заев истакна дека Северна Македонија е целосно фокусирана во овој период на обезбедувањето на датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредокот во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата за чие остварување Соединетите Американски Држави дадоа огромен придонес.

Овие цели за Северна Македонија произлегуваат и од Договорот за стратешко партнерство со САД, во кој евро-атлантските интеграции на земјата се приоритет за обезбедување на стабилноста и сигурноста на земјата, како и на регионот.

Низ разговорот беше отворена и темата за продлабочување на трговската и економската соработка на двете земји за кои, беше речено, постојат големи потенцијали.

Претставниците на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, покажаа интерес и за актуелните политички случувања во нашата земја. Тие ја нагласија нивната, и поддршката на САД, во спроведувањето на реформите, особено во делот на правната држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како прашања од важност за да се оствари очекуваната цел – датумот за старт на преговорите со ЕУ, што е од интерес и на САД.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …