Заев меѓу прилепските спортисти:Обезбедуваме 15 милиони евра подршка за македонскиот спорт

Заев меѓу прилепските спортисти:Обезбедуваме 15 милиони евра подршка за македонскиот спорт

Како никогаш досега државата го помага македонскиот спорт. Со воведувањето на ваучерскиот систем, кој даде одлични резултати, само за оваа година обезбедивме 10 милиони евра средства за спортските клубови и федерации. На овој начин директно помагаме за унапредување на спортот.

И покрај здравствената криза, состојбата во македонската економија е таква што верувам дека во следната година овој износ на помош од државниот буџет на спортските клубови и федерации ќе го зголемиме на 15 милиони евра. Ќе го зацврстуваме ваучерскиот систем на тој начин што сите поголеми државни комапнии ќе ги откупуваат нереализираните ваучери и ќе помагаат на клубовите.

Овде во Прилеп, во најбрз можен рок ќе ја вратиме под општинска капа Универзалната сала, храмот на прилепскиот спорт, со што на спортистите ќе им ставиме на располагање уште еден капитален спортски објект.  Со ова продолжуваме со зацртаниот пат за децентрализација на спортските објекти.

Продолжуваме да инвестираме уште повеќе во спортот, затоа што секој еден денар вложен во спортот заштедува 7 денари во здравствениот систем. Ве замолувам само да внимавате оваа државна помош да не се злоупотребува затоа што само така  оние компании кои ќе ги реализираат ваучерите ќе можеме да ги привлечеме уште повеќе да го помагаат нашиот спорт.

Помошта во спортот ја дигаме на максимално ниво. Вложуваме посебно во развој на спортската инфраструктура, како начин квалитативно да ги издигнеме спортот и спортистите како наши амбасадори. Новина е желбата да го дигнеме нивото на професионалните спортисти. Она што е најзначајно за нив е фактот дека за првпат во историјата на македонскиот спорт обезбедуваме пензиско и здравствено осигурување, со што ги обезбедуваме спортистите по завршување на нивните активни кариери, во кои биле наши идоли кои сме ги бодреле на спортските борилишта.

Инвестираме и ги помагаме младите категории во клубовите, затоа што само тој е начинот да изградиме здрава нација од деца ориентирани кон спортот а оддалечени од сите пороци.

Прочитајте повеќе

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше …