Заев од Прилеп: Бидете горди, создадовме суверена држава каде живеат Македонци, идентитетот и јазикот денес се признаени од целиот свет

Заев од Прилеп: Бидете горди, создадовме суверена држава каде живеат Македонци, идентитетот и јазикот денес се признаени од целиот свет

Вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев се обрати на трибина во Прилеп, заедно со носителката на листата Соња Мираковска, и кандидатот за пратеник од Прилеп Миле Талески.

„Денеска вистински патриот е тој што ги враќа парите кон нашиот народ. Тој што ги враќа парите кај граѓаните, во семејните буџети. Економски патриотизам е зголемување на минималната плата на 20.000 денари. Тоа е за 120% повеќе од оние 9.000 денари месечно што ги наследивме од ВМРО-ДПМНЕ. Економски патриотизам е зголемување на просечната плата на 34.000 денари, до крајот на мандатот“, потенцираше Заев осврнувајќи се на понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ за следните 4 години.

„Платите во здравството ги покачуваме секоја година за 10 отсто или вкупно 40 отсто до 2024 година, за лекарите да бидат мотивирани уште повеќе и уште подобро да се грижат за нас. Пензиите продолжуваат да растат. Имало пари во државата, само не одат на будалштини и на непродуктивни трошоци како порано“.

Осврнувајќи се на понудата на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот нечесен однос, Заев додаде:

„Ги слушам како зборуваат и плукаат по Тутунскиот Комбинат Прилеп, а само две важни не кажаа дека тутунот никогаш немал повисока и никогаш немал постабилна откупна цена. Уште пред три години ги зголемивме субвенциите. Не кажаа дека пред три години, пред тие да бидат сменети од власт 93 милиони евра должеше тутунскиот комбинат, 93 милиони. Сега е рентабилен, добивка покажа тутунскиот комбинат, дава редовни плати, секој пат е тука да го откупи тутунот кога ќе треба за да може да балансира. И тоа како не сме исти“.

„Докажавме дека не само што не згаснал пламенот на македонскиот јазик и идентитет, напротив, го расплативме тој пламен, денес македонскиот јазик е признаен од целиот свет“, порача претседателот на СДСМ на денешната трибина на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во Прилеп.

„Бидете горди, создадовме држава суверена, каде живеат Македонци, признаена од целиот свет. Тие што го нарекоа Блаже Конески џуџето од Небрегово, не можат да продаваат лажен патриотизам и национализам. Нашиот идентитет го зачувавме со памет и со мудрост“, додаде Заев

„Последен доказ дека сме го зачувале и зацврстиле нашиот идентитет и нашиот македонски јазик е преговарачката рамка со ЕУ. Таму јасно стои дека европското законодавство ќе биде преведено на македонски јазик. Со години во извештаите од ЕУ не стоеше македонски јазик, туку службен јазик или јазикот на мнозинството граѓани, денес тоа веќе го нема. Македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички“, посочи претседателот Заев.

Заев додаде дека граѓаните гледаат сé, кој се грижи за националните интереси, кој мисли на граѓаните и економијата и затоа нема да дозволи лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во изолација и со кавги со соседите.

Прочитајте повеќе

СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП …