Заев на видео средби со првите луѓе на ОБСЕ/ОДИХР: Набљудувачката мисија ги има сите соодветни услови за набљудување на изборниот процес

Заев на видео средби со првите луѓе на ОБСЕ/ОДИХР: Набљудувачката мисија ги има сите соодветни услови за набљудување на изборниот процес

Претседателот Зоран Заев денеска имаше одвоени видео средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија Клеменс Која и со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори, Лаима Андрикиене.

Во разговорите претседателот Заев потврди дека мисијата на ОБСДЕ/ОДИХР има соодветни услови за целосно набљудување на избирниот процес. Истовремено, се дискутираа стандардите за одвивањето на изборната кампања и изборниот ден, а кои се однесуваат на заштита од коронавирусот, при што беше нагласено дека ќе се преземат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за да се овозможи граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право.

Претседателот Заев соопшти дека СДСМ и владата ги напрвија сите услови за еднаква изборна борба на сите политички чинители и на тој начин ја потврдија зрелоста на државата, после долго време да организира беспрекорни фер, демократски и слободни избори.

Од страна на претседателот Заев беше побарано ОБСЕ/ОДИХР да ја надлеуваат работата на сите институции вклучени во изборниот процес, со цел сите да бидат на висина на својата задача

Во разговорите претседателот Заев го повтори ставот дека СДСМ и Коалицијата „Моѓеме“ ќе водат фер и позитивна кампања, насочена на промоција на клучните столбови на програмата како што е заштитата на здравјето на граѓаните, создавање нова развојна македонска економија, градење правна и праведна европска држава, членка на НАТО и преговарач со ЕУ, при тоа афиримирајќи го концептот едно општество како една од врвните вредности

На крајот, претседателот Заев заклучи дека ова се многу важни избори за враќање на легитимнии фукцнионални институции, како и за продолжување на државата по правиот пат по кој оди во изминтаите три години.

Прочитајте повеќе

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

Соопштение за јавност на СДСМ Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Битола не …