Николовски од Виница: Тргнува караванот на победата, чекориме храбро кон нов мандат за нови успеси, ВМРО-ДПМНЕ останува во мрачното минато

Николовски од Виница: Тргнува караванот на победата, чекориме храбро кон нов мандат за нови успеси, ВМРО-ДПМНЕ останува во мрачното минато

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Денеска од Виница, го најавувам почетокот на изборната кампања на СДСМ и Коалицијата.
За кратко време направивме многу успеси и од нив нема да се срамиме. Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро. Бидејќи можеме!
Можеме уште подобро со минималната плата. Замислете, таа беше 9.000 денари, срамота! Успеавме за две и пол години да ја покачиме на 14.500 денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20.000 денари!

Можеме уште подобро во земјоделството каде годишно ќе се добиваат 200 милиони евра и нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата.
Можеме уште подобро во слободата на живеење и работење. Наместо заробени и украдени бизниси, ќе подржуваме микро и мали претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање и ќе помагаме женско и младинско претприемништво со грантови од 5 до 15.000 евра за почеток на сопствен бизнис.
Можеме уште подобро во патната инфраструктура. 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 950 километри локални патишта и рехабилитација на дури 1.500 километри од постоечките патишта. Сето тоа во следниот мандат, бидејќи најважно е да се комуницира, да се тргува, да се разменуваат добра и услуги.
Можеме уште повеќе во социјалната сфера. 34.000 домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Предвидуваме и 777 социјални станови за период од само 2 години.
Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво.
Програмата е навистина најдобрата програма досега. Ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени.
А ги затворија оние кои десетина години на власт развиваа само корупција и непотизам, сееја страв и наместо кај граѓаните, парите ги насочуваа кон џебот на бегалецот од Будимпешта кој нескриено раководи со мајсторите за лажни вести, фејк-њуз ВМРО на чело со Мицкоски како кукла на конци.
Но, тие се во минатото. Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме.
Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние.
Побрзо да дојде време кога луѓето ќе ги бираме по квалитет, а не по партиски книшки. И само така ќе се ослободиме еднаш засекогаш од непотизмот и корупцијата. Од тој рак на општеството.
А можеме.
Навистина можеме.

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …