Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим

Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим

„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …