Заев за „Луксембургер Ворт“: Очекуваме Брисел да го поттикне одобрувањето на преговарачката рамка и верувам дека до јуни со Бугарија ќе најдеме решение

Заев за „Луксембургер Ворт“: Очекуваме Брисел да го поттикне одобрувањето на преговарачката рамка и верувам дека до јуни со Бугарија ќе најдеме решение

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во интервју за луксембуршкиот портал и печатеното издание на „Луксембургер Ворт“, под наслов „На долгиот и бурен пат до ЕУ“, на прашањето во кое дел од одлуките на премиерот Заев се оценуваат како храбри и историски, истакнува дека тие беа донесени за да се остварат големите стратешки цели на земјата – членството во НАТО и во ЕУ.

„Кога станува збор за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, ние сме пример дека ги исполнивме. Фактот дека тоа не се случи предизвика кај сите нас во Северна Македонија непријатно чувство. Јас сепак останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година. Исто така имаме непоколебливи очекувања дека Брисел ќе го поттикне решението на ова прашање и ќе докаже дека нема да дозволи прашањата од историјата да бидат пречка за интересот на ЕУ за проширување и за иднината на нашата земја“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за „Луксембургер Ворт“.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …