Законот за субвенциониран студентски оброк помина во Собрание

Законот за субвенциониран студентски оброк помина во Собрание

Собраниските пратеници ги изгласаа дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се овозможи исплата на оваа мерка за студентите и во тековната академска година.

Законското решение кое помина на вчерашната собраниска седница е согласно договорот кој го постигнаа пратениците со претставници на студентските собранија, според кој, субвенционираниот оброк ќе продолжи да се исплаќа по старите критериуми сè до 15 март. Од овој датум, пак, предвидено е на сила да стапи системското решение, со кое ќе престане исплатата на месечно ниво на трансакциските сметки на студентите и ќе почнат да се користат специјализирани картички и мобилни апликации со кои ќе се купуваат оброци кај регистрирани даватели.

Дополнувањата на законот беа донесени по скратена постапка, а следуваат по реакциите во јавноста откако беше доставен предлог кој предвидуваше построги критериуми.

Со поминувањето на законот во Собрание, се очекува Министерството за образование и наука да го објави конкурсот за студенти во текот на следната недела.

Според најавите, до 15 декември студентите што ги исполнуваат условите ќе добијат исплата и за изминатите два месеца, односно за октомври и ноември.

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …