Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура, градиме по план

Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура, градиме по план

Прес конференција на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески:

  • Во изминатите две години изградени се и рехабилитирани патишта во должина од 500 километри, инвестиции вредни 540 милиони евра
  • Завршен автопатот Миладиновци – Штип
  • Пуштен во сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица
  • Рехабилитирани и реконструирани преку 80 регионални и магистрални патишта со вкупна инвестиција од 400 милиони евра
  • Во моментов Владата инвестира преку 850 милиони евра во патната инфраструктура
  • Се гради автопатот Кичево – Охрид
  • Започната изградбата на 4 експресни патишта: Градско-Дреново, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце-Крива Паланка
  • Се работи на проектирање на експресни патишта Битола-Меџитлија, Струмица-Гевгелија и проширување на патот Прилеп-Битола
  • Започната постапка за изградба на автопат од Скопје до Блаце и од Гостивар до Кичево
  • Се рехабилитираат и реконструираат 40 регионални патишта и десетина мостови и свлечишта
  • Започнува реконструкција на дополнителни 450 километри магистрални и регионални патишта
  • Со средства во висина од 70 милиони евра од Светска банка, ќе се гадат и реконструираат локални патишта
  • Се интензивираат работите за изградба на пругата кон Гевгелија
  • Завршена изградбата на пругата од Битола до Кременица
  • Се инвестира во изградба на водоводи и канализации
  • Интензивно се гради гасоводната мрежа
  • Обезбеден покрив над главата за 164 социјално загрозени семејства
  • Се градат социјални станови за 110 семејства во Неготино и Пробиштип

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …