ЗАПОЧНУВА 42. МЕЃУНАРОДЕН СТУДЕНТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

ЗАПОЧНУВА 42. МЕЃУНАРОДЕН СТУДЕНТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

Во организација на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечерва започнува 42. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал. Годинава настанот ќе се одржи на две локации – Плоштад „Мајка Тереза“ и Плоштад „Млечен ресторан“. Почетокот на сите концертни вечери е од 20:00 часот.
На годинешното издание, учество ќе земат повеќе земји меѓу кои
Грузија, Хрватска, Албанија, Србија, Турција и Македонија.
Поради настаната пандемија, фестивалот се реализира под посебни протоколи предвидени од Владата на Република Македонија. Идејата за организирање на МСФФ е иницирана од студентите на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Во продолжение линк од деталната програма
https://bit.ly/382m2M6

Прочитајте повеќе

Завод и Музеј – Прилеп: Изложба „Балканскиот јунак Марко“

Завод и Музеј – Прилеп: Изложба „Балканскиот јунак Марко“

Во рамките на Програмата за остварување на националниот интерес во областа на културата на Министерството …