Започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола, во петок поставување камен темелник на најзначајниот инфраструктурен проект во Пелагонискиот регион

Започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола, во петок поставување камен темелник на најзначајниот инфраструктурен проект во Пелагонискиот регион

Во петок, 12-ти мај, во близина на ТИРЗ „Прилеп“ ќе биде поставен камен темелник на проектот Коридор 10д, со што официјално започнува изградбата на најзначајниот инфраструктурен зафат во Пелагонискиот регион, автопатот Прилеп-Битола.

Покрај претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат претставници на повеќе државни институции, дипломатскиот кор и гости од странство.

„Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во овој дел на Македонија, за кој Владата издвои 220 милиони евра. Со изградбата на автопатот Прилеп – Битола, како и експресниот пат Градско – Прилеп, граѓаните и компаниите од Прилеп и регионот ќе бидат подобро поврзани и со Грција и со главниот град. Со предлог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за време на вчерашната посета на Прилеп.

За разлика од сегашната широчина на патот Прилеп – Битола од 8 метри, новиот автопат ќе биде широк 25 метри, со по две коловозни ленти во еден правец и една лента за стоење. Автопатот ќе почнува од Ленишки мост и преку проширување на постојната траса, ќе завршува пред самиот влез на Битола. Оттука, па се’ до граничниот премин со Грција „Меџитлија“, ќе биде изграден нов експресен пат.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …