Ги следиме идеалите од НОБ, остануваме посветени на европскиот пат

Ги следиме идеалите од НОБ, остануваме посветени на европскиот пат

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Нека е честит 9ти мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Денеска, со гордост оддаваме почит кон борците од Народно ослободителната борба, кои се изборија за создавање на независна, суверена и слободна држава.

Токму идеалите од антифашистичката борба обезбедија денеска да живееме во слободна, модерна и демократска држава и токму тоа се темелите на кои ја градевме нашата државност.

Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа

Токму победата над фашизмот и Европа се темелните вредности и на СДСМ.

Оваа година Денот на победата на фашизмот и Денот на Европа го одбележуваме како земја преговарач за членство во ЕУ, со крајна цел полноправно членство во Унијата до 2030 година.

Ако битката на нашите предци од НОБ беше слобода, независност и еднаквост, денес нашата битка е интеграција и рамноправност во Европската унија.

Тоа и го правиме, државата, граѓаните, сите без исклучок ги чувствуваат придобивките од забрзувањето на евроинтеграциите и отворањето на преговорите со ЕУ, по 17 години чекање.

Ние, како одговорна партија, заслужна за секој национален успех до сега, остануваме силно посветени на европскиот пат, целосно подготвени и мотивирани да ги надминеме сите предизвици.

Европските стандарди и вредности ги носиме дома, а државата ја носиме онаму каде што припаѓа – во големото европско семејство.

Прочитајте повеќе

ЕУ очекува Сиљановска-Давкова и владата да ги исполнат обврските за евроинтеграциите на Северна Македонија

ЕУ очекува Сиљановска-Давкова и владата да ги исполнат обврските за евроинтеграциите на Северна Македонија

ЕУ очекува идната претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова и новата влада да соработуваат и …