Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите поради делта сојот, рече Филипче

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите поради делта сојот, рече Филипче

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа, евентуално дали нешто треба да се препорача за критериуми за влез на границите иако, како што потенцираше, гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, како Грција на пример, има пораст на случаите.

„Значи треба да се препорача мерка која навистина ќе биде ефикасна. Во однос на препораките внатре, затоа се протоколите со ограничувања, тоа е нешто што животот го враќа во нормала со внимателност. Во овој момент нема голем број на прегледи во болниците, за пациенти суспектни на ковид, така што во овој момент во однос на дополнителни рестриктивни мерки за функционирањето тука, во затворени или отворени услови, нема потреба да се препорачаат,“ рече Филипче.

Тој додаде дека се чекаат да излезат публикации, во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува овој вирус кај луѓе што се или што не се вакцинирани.

„Затоа акцент ставаме на вакцинацијата и затоа апелираме што поголем број на граѓани да се вакцинираат, поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга,“ додаде Филипче.

Во однос на примената на вакцината „Фајзер“ кај децата, министерот за здравство рече дека некои земји тоа вакцинирање го воведуваат како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училишта доколку не се вакцинирани.

„Тоа е политика во западноевропските земји, но кај нас нема да биде задолжителна вакцината,“ рече Филипче и додаде дека тој ќе го вакцинира неговото дете.

Засега, нема нови случаи со делта сој на вирусот, освен оние четири кои беа дијагностицирани вчера во МАНУ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …