Здружение на пензионери – Прилеп: Последното покачување на пензиите достигнува 900 денари

Здружение на пензионери – Прилеп: Последното покачување на пензиите достигнува 900 денари

Претседателот на здружението на пензионери од Прилеп, Славко Трајкоски денеска одржа прес – конференција на која ги изнесе нивните заложби за враќање на стариот Закон за усогласување на пензиите и го пренесе задоволството од најавеното покачување на пензиите за околу 900 денари, кое стартува од почетокот на 2020 година.

„Мислам дека најголема грешка се направи пред околу 5 години, кога Законот за услогласување на пензиите се стави во мирување. Со тој закон на секои 6 месеци се вршеше услогласување, и тоа 50 отсто од растот на животните трошоци и 50 отсто од растот на просечната плата. Тоа беше најдобар начин на наградување на пензионерите и мислам дека со неговото ставање во мирување, пензионерите изгубија многу.

Во периодот додека важеше стариот закон, како што растеа просечните плати во Македонија, така растеа и пензиите. Оттогаш па наваму, во три наврати се зголемуваа пензиите, од кои два пати по 500 денари, еднаш 600 денари, и еве сега 700 денари, кое со скалесто покачување стигнува до 900 денари. Ние како пензионери ќе се заложиме да се врати стариот Закон“, изјави Славко Трајкоски.

Претседателот на здружението на прилепските пензионери, најави дека на 6 декември ќе се оддржи трибина во Прилеп, на која покрај пензионерите од Прилеп ќе присуствува и министерката за труд и социјала, Мила Царовска, а на која ќе биде разгледано прашањето за враќање на стариот Закон за усогласување на пензиите, како и начините на подобрување на животот на пензионерите со најниски примања.

Инаку, здружението на пензионери од Прилеп, кое е едно од најголемите во државата со над 14.400 членови, по повод Денот на пензионерите,  20.Септември, од страна на Сојузот на пензионери на Македонија, доби награда за многуте хуманитарни активности, со кои во континуиет го подобрува животниот стандард на пензионерите во општината.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …